За нас

Добредојдовте на презентацијата на компанијата KARAT.

Карат е реномирана компанија која Ви нуди вискоквалитетни Машини за печатење на широк формат, плочасти материјали и текстил, Продукциски машини за печатење, Катери, Ласери, ЦНЦ машини и машини за доработка.

Составена  од тим на менаџери и сервисери со долгогодишно искуство, целта на KARАТ тимот  е ефикасно пласирање на производи со сигурен и врвен квалитет на пазарот, континуирана едукација со цел да се биде во чекор со светските трендови и иновации, како и проширување на мрежата на задоволни клиенти.

Стварајќи доверба на темел на взаемно почитување со клиентите веруваме дека ќе успееме во тоа.

Ние сме директни увозници на  Машини за печатење на широк формат, плочасти материјали и текстил, Продукциски машини за печатење, Катери, Ласери, ЦНЦ машини и машини за доработка од повеќе Европски и Светски производители.

Се надеваме дека подетално ќе се запознаете со нашата работа и ќе се уверите дека основната мисија на нашата компанија е што е можно поголем број на задоволни клиенти.

Дозволете ни да Ве запознаеме, а ние Ви ветуваме дека во нас ќе пронајдете доверлив и сигурен деловен партнер, бидејќи за нас, квалитетот е на прво место!

На нашиот сајт можете да ги разгледате производите и да се запознаете со нивните карактеристики.