Кроење на плочести материјали (иверкa, медијапан, лесонит, итн.)

Опременa машина со софистициран компјутерски систем со мал простор за грешка, а материјалот што се обработува е постојано прегледуван. За постојаниот квалитет на кроењето, машината постојано се надгледува и одржува и секогаш се води грижа истата да работи со остри пили.

Кантирање на плочести материјали (иверкa, медијапан, лесонит, итн.)

Карат располага и со машини за кантирање на плочести материјали во различни бои и форми, како и можност за да се кантира со ПВЦ или АБС трака. Кантериците како многу деликатни машини, се чувствителни на најмала промена на површината на материјалот што го обработуваат.

Машина ЦНЦ (гравирање, деликатна изработка и сечење)

ЦНЦ машината овозможува моделирање на секакви плочести материјали (иверкa, медијапан, лесонит, итн.) во најразлични форми и облици, почнувајќи од кружно сечење на материјалот до најсофистицирано профилирање. Притоа, ова е само мал дел од големиот број на можности кои ги нуди оваа машина.

Close Menu