Салонот на Карат е богат со првокласни разновидни производи од дрво, кожа, платно, бамбус, иверица и медијапан. Располагаме со широк избор на класични, модерни, кожни и платнени гарнитури, составени од тросед, двосед и фотеја, како и единечни каучи, софи и фотелји направени по ваша мерка. Исто така може да најдете голем избор на трпезариски маси и тапацирани и нетапацирани столици, а располагаме и со клубски маси во различни димензии. Нашите комоди се со посебни декоративни дизајни и бои наменети за сите потреби во секојдневието. Секако нарачката може да ја комплетирате со сите предмети потребни за вашите детски соби, од бебешки лулашки и хранилки за најмалите до плакарти, компјутерски маси и столчиња, кревети, кревети на спрат и слично за постарите. Посебно мораме да го истакнеме богатиот каталог на ѕидни маси во најразлични димензии, а дополнети со разновидни декорации, како столбови за цвеќе, украси, огледалата украсени со рачно изработени резби од дрво во различни големини. Карат има и голем избор на производи како: клацкалки, барски колички и столчиња, витрини, ТВ сетови, канцелариски столици и маси итн. Како новитет во нашиот салон може да ги погледнете големиот каталог на теписи и завеси, во склоп на ново отворениот дел дополнет со разнобојни еко кожа и платна, како и сите останати материјали за тапацирање.

Работно време

понеделник до петок: 9ч - 20ч
сабота: 9ч - 17ч

Адреса

бул. „Борис Трајковски“ бб,
Индустриска зона Пинтија, Скопје

Телефон

+389 75203133
+389 22700828; +389 22795544

Меил

karat_mk@live.com

Close Menu